Опис
ПРИМЕНА:
Тенкослоен декоративен малтер во вид на паста направена на база на висококвалитетна акрилна емулзија, наменет за заштита на фасадни ѕидни површини. Се карактеризира со добра адхезија на подлогата, исклучителна обработливост, висока јачина и водоотпорност.
СТРУКТУРА НА МАЛТЕРОТ:
Rajb (зарибана-rillе) и ful (полна- кratz ).
ПОДГОТОВКА И НАНОС:
Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста, чиста сува и премачкана со Neo Acryl подлога. Пред да биде нанесен, Neo Plast да се промеша и по потреба да се разблажи со мало количество вода ~ 1%. Малтерот да се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа: Ful структура – веднаш по нанесувањето да се структурира со кружни движења, Rajb структура – по нанесувањето да се структурира со движења по избор додека не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот. Напомена: Доколку се работи врз континуални фасадни површини, потребно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне егализација на материјалот.
Температура на примена: од + 5°C до + 30°C. Да не се работи на директно сонце, за време на дожд или силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот. За подетални инструкции погледнете го техничкиот лист на производот.
ПОТРОШУВАЧКА:
За 2,3-3,3 кг/м2 во зависност од структура и гранулација.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ:
18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончева светлина и мрзнење.
ПАКУВАЊЕ:
25 кг
DOWNLOAD: