Search
 
Производи

Почетна / NEO KUL

NEO KUL

Декоративен мозаичен малтер

Опис

ПРИМЕНА:

Декоративен мозаичен малтер од повеќебојни зрна, за трајна заштита на фасадни површини. Производот се карактеризира со исклучителна јакост, водоотпорност и постојаност при атмосферски влијанија. Гранулација (големина на зрна): 1.5 mm. Не е наменет за вградување на фасадни површини нa системи за топлинска изолација. Примената да се ограничи на детали (цоклиња, столбови и останати помали неповрзани површини).

ПОДГОТОВКА И НАНEСУВАЊЕ:

Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста, чиста, сува, без слабо врзани делови, мрсни дамки и сл. Подлогата треба да се премачка со Neo Acryl. Времето на сушење на подлогата пред нанесување на малтерот е мин. 12 ч. Neo Kul треба да се промеша додека смесата запени и по потреба да се раствори со мало количество вода.

Малтерот се меша со пресипување од канта во канта, рачно или со електричен миксер со мал број вртежи. Малтерот се нанесува со челична мистрија од дното нагоре во дебелина од 2-2,5 мм. Нанесениот слој добро да се израмни за да не останат видни празнини помеѓу мермерните зрна. Кога се применува врз континуални ѕидни површини, треба да се работи рамномерно и без прекини.

Температура на примена: од + 5°C до + 30°C. Да не се работи на директно сонце, по дожд и силен ветер. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзување на малтерот. Погледнете го техничкиот лист на производот за подетални инструкции.

ПОТРОШУВАЧКА:

Околу 5 кг/м2.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ:

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончева светлина и од смрзнување.

ПАКУВАЊЕ:

25 кг

DOWNLOAD:   