Постојаните обуки и тренинзи се дел од визијата на компанијата Бекамент, која го нагласува образованието како темел на идниот успех.
Во рамките на Тренинг центарот Бекамент беше овозможена стручна обука за производите на Неотон, системски решенија што ги нуди компанијата, како и нивна практична примена, со што се овозможи стручно оспособување на изведувачите што ќе обезбеди нивен напредок во понатамошниот професионален развој.
Тренинг центарот Бекамент опфаќа 1.000 квадратни метри модерно опремен простор во чии рамки учесниците ги имаат сите услови да стекнат нови знаења преку теоретски и практични презентации водени од стручни лица од Техничкиот сектор за поддршка.