Бекамент е реномирана компанија која се занимава со производство на материјали за завршни работи во градежништвото, која веќе 3 децении успешно работи во повеќе од 10 земји во Европската Унија и регионот.
Денес е една од технолошки најнапредните компании со целосно заокружен производствен процес – од суровини до финален производ, во чии рамки има 5 каменоломи и 7 погони кои зафаќаат 25 хектари.
Портфолио на компанијата Бекамент под NEOTON брендот ги задоволува потребите на пазарот со нудење на сеопфатни решенија за завршни работи во градежништвото.
Се состои од производи за изведба на конечни фасадни работи (различни термоизолациони плочи, градежни лепила, фасадни малтери, фасадни бој, потоа, производи за заштита и декорација на ѕидни површини во етнериерот во кои спаѓаат квалитетни внатрешни бои, маси за израмнување, соодветни подлоги и импрегнации, а нудиме и производи за хидроизолација, квалитетни лепила и фуги за поставување керамика, како и лепило за паркет.
Сите Неотон производи поседуваат соодветен сертификат за квалитет кој дава гаранција за безбедност, долговечноста и квалитет.
ISO 9001 – Систем за управување на квалитет (QMS)
ISO 14001 година – Систем за управување за заштита на животна средина (EMS)
Бекамент е општествено одговорна компанија која ги поддржува хуманите иницијативи насочени према грижата за луѓе и заедницата во која работат. Работи во области од поширок општествен интерес, што значи инвестирање во унапредување на образованието, културата, здравството, спортот и заштитата на животната средина.